Богојески: ВМРО-ДПМНЕ е приватна компанија на едно лице со двајца советници

од Берта Китинска
262 прегледи

Македонски концепт е бесмртна идеја. Сега на Македонија и е потребно големо опозиционо организирање, истакна Петар Богојески, лидер на Македонски концепт во своето гостување на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

„Сите оние работи кои ги зборувавме во врска со контролата на власта врз опозицијата се покажа како вистинито. Конечно треба да се освестат членовите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе повторам – потребно е силно опозиционо организирање во земјава. Јас сум песимист дека ВМРО-ДПМНЕ во себе содржи грам за било какво реформирање. Тоа е приватна компанија на едно лице со двајца советници, изјави Богојески.

Слични содржини