ЕК: Растот на БДП на Македонија во првиот квартал беше 0,2 отсто

од Aleksandar Petrovski
178 прегледи

Првиот квартал од оваа година за некои од земјите од регионот заврши со раст, а за други со пад на вредноста на бруто домашниот производ (БДП). Според извештајот на Европската комисија (ЕК), Србија има раст на БДП од 5%, Турција од 4,5%, Црна Гора од 2,7%, Босна и Херцеговина од 2%.

Растот на БДП на Македонија, според ЕУ, во првиот квартал беше 0,2 отсто, додека Албанија има пад на вредноста на БДП за 2,5 отсто.

Според ЕК, растот на БДП на земјите од регионот се должи на зголемените бруто инвестиции, државна и лична потрошувачка и состојбата на залихите. Растот на државната потрошувачка има раст од 12% на годишно ниво, додека бруто инвестициите во основен капитал пораснаа за 10,7%. Кога се работи за личната потрошувачка, таа бележи раст од 3,2% на годишно ниво.