Коронавирус: Бројот на активни случаи е 3.885, речиси половина се од Скопје

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Нови 241 случај позитивни на Ковид 19 се регистрирани во последните 24 часа, од направени 1700 тестирања. Регистрирани се 51 оздравено лице и осум починати.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885. Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните.

Дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4214, активни 1868
• Куманово 904, активни 236
• Дебар 173, активни 111
• Штип 569, активни 272
• Прилеп 311, активни 62
• Тетово 938, активни 325
• Струга 351, активни 170
• Велес 206, активни 31
• Битола 88, активни 43
• Охрид 231, активни 116
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 286, активни 190
• Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 28, активни 19
• Крива Паланка 22, активни 11
• Радовиш 18, активни 14
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 88, активни 20
• Пробиштип 42, активни 26
• Демир Хисар 14, активни 12
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 10, активни 6
• Свети Николе 184, активни 169
• Кичево 96, активни 80
• Ресен 140, активни 59
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Слични содржини