Нови 241 случај позитивни на Ковид 19 се регистрирани во последните 24 часа, од направени 1700 тестирања. Регистрирани се 51 оздравено лице и осум починати.
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години. Во ГОБ „8 Септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76-годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885. Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните.