Филипче: Придружувајте се до мерките и бројот на заболени ќе се намалува

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ние сме една од ретките земји која целиот овој изминат период има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.

-Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува, рече Филипче.

Според него, единствена дополнителна мерка која може да дојде предвид во даден момент, индикација за тоа дали да се воведе дополнителна мерка, а тоа е рестрикција во движење се окупираноста и пополнетоста на болничките капацитети.

-Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението, потенцираше Филипче и додаде дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање.

Слични содржини