
Во последните 24 часа, скоро 3.500 пациенти се опоравиле во Русија, со што бројот на оние кои го поразиле коронавирусот се над 550.000.
Според кризниот центар, 71 процент од заразените се опоравиле.
Од вчера, регистрирани се 6.109 нови лица заразени со Ковид-19 и 95 мртви. Тоа е најмал број на смртни случаи за еден ден од 29 јуни, според ТАСС.
Во Русија од почетокот на пандемијата се заразени 771.546 луѓе, а починале 12.342 лица.