Меркел: Постои можност ЕУ да не постигне договор за помошта

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денес дека постои можност лидерите на Европската унија да не постигнат договор за стимулативен буџет за европските економии уништени како резултат на последиците од вирусот „Ковид-19“, пренесува Ројтерс.

„Има многу добра волја, но и многу ставови. Ќе ги направам сите напори, но постои можност да не се постигне резултат“, рече Меркел.

Веќе трет ден по ред, водачите на 27 земји-членки на ЕУ преговараат за новиот буџет на ЕУ, кој делумно треба да обезбеди неповратна помош на земјите-членки во санирање на последиците врз економиите предизвикани од вирусот „Ковид-19“, додека делумно во форма на заеми.