Во Хрватска во последните 24 часа беа потврдени 25 нови случаи на инфекција со коронавирус, што значи дека во моментов има 1.150 активни случаи, а две лица починаа, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита, пренесува „Нова“.

Има 57 помалку активни случаи од вчера, рече министерот за здравство, Вили Берош на прес-конференција.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 4.370 лица заразени со новиот коронавирус.
Во Хрватска 122 лица починале од коронавирусот од почетокот на епидемијата.