Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска соопшти дека причината поради која тој нема намера да присуствува на конститутивната седница на Собранието е исклучиво во доменот на неговото разбирање на улогата и ставот на хрватскиот парламент, а тоа е дека парламентот е независен од претседателот, пренесе „Нова.рс“.

„Тоа е сè и тоа е воедно и афирмативно и добронамерно кон Собранието“, напиша Милановиќ на својот профил на Фејсбук.
Коментирајќи ги наводите во медиумите дека досега доаѓале сите претседатели и дека ова е првпат да не доаѓа, Милановиќ вели дека тоа е точно.
„Туѓман дојде и цврсто ја надгледуваше работата на Собранието, честопати и надвор и над рамките на тогашните (големи) уставни овластувања на претседателот. Претседателите Месиќ, Јосиповиќ и Грабар Китаровиќ доаѓаа од свои причини, кои не бе ги коментирал, но верувам дека биле добронамерни“, изјави Милановиќ и порача дека неговиот став за тоа прашање е различен.