Вакцините на „Бајонтек“ и „Фајзер“ ефикасни и безбедни

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Германската биотехнолошка компанија „Бајонтек“ и американската фармацевтска компанија „Фајзер“ денес објавија дополнителни податоци за нивната експериментална вакцина против КОВИД-19, според кои оваа вакцина е безбедна за употреба и предизвикува имунолошки одговор кај примателите.

Двете компании соопштија дека вакцината доведува до висока стапка на реакции на Т лимфоцитите на вирусот, а новите откритија се резултат на студијата во која учествувале 60 здрави доброволци во Германија по раната фаза на тестирање во САД.

Слично како претходно во САД, резултатите од оваа студија покажаа дека волонтерите кои примиле две дози на вакцината подоцна развиле антитела во организмот кои го неутрализираат дејството на вирусот.

Според „Ројтерс“, по објавувањето на нови информации за оваа експериментална вакцина, акциите на „Бајонтек“ во САД забележале пораст на вредноста од 12 проценти, додека вредноста на акциите на „Фајзер“ се зголемила за 3,6 проценти.

 

Слични содржини