Поранешниот хрватски премиер и мандатар за состав на новата влада, Андреј Пленковиќ ги објави имињата на идните министри и вицепремиери, вклучувајќи го и претставникот на Независната демократска партија на Србија (СДСС), Борис Милошевиќ.

По самитот на Хрватската демократска унија (ХДЗ), предводена од него, Пленковиќ ги објави кандидатите за 16 министерски места наместо претходните 20.
„Добивме апсолутна поддршка на состанокот во партијата. Програмата на Владата е финализирана и ќе биде претставена наскоро. Ги намаливме министерствата, а четворица колеги од претходната влада се преселуваат во Собранието“, рече Пленковиќ пред новинарите во Загреб.
Најголем дел од министерствата ќе бидат предводени од истите министри – Гордан Грлиќ Радман останува на чело на Министерството за надворешни работи, Давор Божиновиќ во Министерството за внатрешни работи, Здравко Мариќ на чело за финансии, Томо Медведев – Министерството за одбрана и Вили Берош на Министерството за здравство. Министерството за транспорт и натаму ќе биде предводено од Олег Бутковиќ, културата и медиумите од Нина Обуљен Коржинек, а земјоделството Марија Вучковиќ.
Во некои оддели имало промена на местата или спојување, така што поранешниот министер за труд и пензиски систем, Јосип Аладовиќ, го добил одделот за семејна и социјална политика.
Актуелниот министер за заштита на животната средина и Томислав Чориќ го доби ресорот за економија и одржлив развој, а министерот за економија Дарко Хорват за градежништво, физичко планирање и државен имот.
Министерот за администрација, Иван Маленица, ќе го предводи Министерството за администрација и правда во новата влада.
Поранешниот министер за образование, Радован Фукс повторно доаѓа на чело на тој оддел, додека поранешниот министер за државен имот Марио Баножиќ ќе биде надлежен за одбраната.
Нови министри се Николина Брњац, задолжена за туризам и спорт и Наташа Трамишак, на кого и е доверен одделот за регионален развој и фондовите на Европската унија.
Владата ќе има четворица потпретседатели – заедно со Медведев, Божиновиќ и Мариќ, а заменик-претседателската позиција ќе ја заземе претставник на српското национално малцинство, Борис Милошевиќ, кој ќе биде надлежен за социјални прашања и човекови права.
Минатата недела хрватскиот претседател Зоран Милановиќ му го довери мандатот за состав на новата влада на Андреј Пленковиќ, лидерот на ХДЗ, откако му врачи потписи за поддршка на 76 избрани пратеници. Така, тој докажа дека има мнозинство од вкупно 151 пратеник во парламентот, како што е предвидено со Уставот.
Покрај 66 избрани пратеници од листите на ХДЗ, Пленковиќ беше поддржан од осум членови на националните малцинства, меѓу кои и тројца Срби, како и еден член на Хрватската народна партија и еден од реформистите.
Конститутивната седница на хрватскиот парламент е најавена за среда, 22 јули.