
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за целите на националниот развој на земјата до 2030 година, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Целите за развој се да се зголеми бројот на жители во земјата, да се подигне животниот стандард на луѓето, да се создадат добри услови за нивниот живот, како и да се оживее талентот на секоја личност, се наведува во документот, пренесува ТАСС.