Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со Мирсад кој е студент на медицина и еден од десетте пациенти со хемофилија.
-Мирсад од почетокот на 2020 година ја прима новата иновативна биолошка терапија во домашни услови. Користејќи ја оваа терапија (emicuzumab) Мирсад функционира комплетно независно бидејќи самиот ја администрира, а болните и чести венепункции за него се веќе минато.Мирсад е задоволен, откако ја прима новата терапија значително му е подобрен квалитетот на животот и секојдневното функционирање, вели Филипче.
Тој напомена дека оваа терапија е воведена во најкритичниот период во здравството.
-Со Клиниката за хематологија, во соработка со Министерството за здравство, направи мобилен тим кој ги посети пациентите низ земјава и ги едуцираше како сами да ја администрираат терапијата.Оваа терапија е значајна бидејќи на тој начин се избегнуваат трајните оштетувања на зглобовите, предзивикани од честите крварења, кои за жал, понекогаш водат кон траен инвалидитет, реше Филипче.