САД: 1.000 лица починаа од Ковид-19 во изминативе 24 часа

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Бројот на смртни случаи во САД за еден ден достигна 1.000 во вторникот, што е првпат од мај кога е регистриран толкав голем број, а тоа се смета за последица на зголемувањето на бројот на нови случаи.

Најголем број на смртни случаи се забележани во Аризона, Флорида, Тексас и Калифорнија, пренесува „Foreign Policy“.

Иако се зголемува бројот на смртни случаи во Соединетите држави, тој сè уште не е светски рекорд за бројот на смртни случаи за еден ден – тој рекорд го држи Бразил, каде 1.346 смртни случаи се регистрирани само во вторникот.

Од 10 држави со најголем број на дневни жртви во вторникот, шест беа во Западната хемисфера.

Американскиот портал го посочува Уругвај како пример, кој успеа да го избегне најлошото и каде се забележани малку повеќе од 1.000 случаи на заболени во последните четири месеци.