СЗО: Епидемиолошката состојба на Балканот е загрижувачка

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Епидемиолошката состојба и трендовите на југот на Европа и на Балканот се загрижувачки, изјави денес Мајк Рајан, шеф на секторот за итни ситуации во СЗО.

Фото: Борче Поповски

„Нема сомнение дека фокусот на пандемијата е во Северна и Јужна Америка, но ширењето на вирусот исто така се зголемува во Африка“, рече Рајан за време на интервјуто за ирското радио „Њузток“.

„Иако земјите од Западна Европа успеаја да ја стават под контрола епидемијата, се појавија загрижувачки трендови во јужна Европа и на Балканот. Сè уште не ја напуштивме зоната на ризик во Европа. Епидемиолошката состојба бара продолжена будност и претпазливост”, предупреди Мајк Рајан, началник на службите за итни случаи при СЗО.