Џонсон: Не изгласавме „Брегзит“ под руски притисок

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Велика Британија не гласаше под никаков притисок од Русија да ја напушти Европската унија во 2016 година, рече премиерот Борис Џонсон.

Тој реагираше вака по објавувањето на извештајот, во кој се вели дека британската влада не успеала да испита дали Москва се мешала на референдумот.

„Луѓето од оваа земја не гласаа да ја напуштат ЕУ заради притисокот од Русија или заради руското мешање. Народот гласаше затоа што сакаше да ја врати контролата над својата земја“, рече Џонсон пред пратениците.

Тој додаде дека Велика Британија е таа што го води светот во претпазливост кон руското мешање.