„Претседателот ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот. Консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието“, изјавил претседателот на државата, Стево Пендаровски за ТВ21.
Тој најавил дека согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието.
Според Уставот, крајниот рок за формирање на Парламентот е 20 дена по одржувањето на изборите.