Хрватска: 108 новозаразени, два смртни случаја

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 108 нови случаи на инфекција со коронавирус, пренесе „Нова.рс“.

Има 1.027 активни лица, рече министерот за здравство, Вили Берош.

Тестирани се 1.279 лица во последните 24 часа. Во болниците има 143 лица, од кои девет се на респиратори.

Министерот исто така изјави дека починале две лица, што значи дека 125 луѓе починале досега од почетокот на епидемијата.