Универзитетскиот професор и политички аналитичар од Приштина Миjазим Красниќи рече дека е многу скептичен во врска со исходот од дијалогот во Брисел, додавајќи дека е илузорно да се очекува Србија да ја признае независноста на Косово, пренесе „Данас.рс“.

Тој смета дека координаторот на Косово за дијалог со Србија, Скендер Хисени, има добра политичка биографија, но тој нема легитимитет да преговара со Србија и да склучува договори, додавајќи дека утрешната средба сепак ќе биде на експертско ниво.
„Хисени беше еден од најблиските соработници на Ибрахим Ругова, тој беше и министер за надворешни работи, затоа има доволно дипломатско искуство. Но, во оваа ситуација, не станува збор за личност, туку за мандат“, изјавил Красниќи.
Во пресрет на утрешното продолжување на разговорите, косовскиот премиер Хоти го назначи Скендер Хисени за координатор за дијалогот со Србија. Тој го предводи Советот на експерти за дијалог, формиран од косовската влада на 1-ви јули, за да му даваат совети на премиерот во процесот на дијалог.
Красниќи наведе дека има многу сомнежи за утрешната средба што ќе се одржи во Брисел, потенцирајќи дека тој повеќе верува дека станува збор за техничка, отколку за политичка средба, како што најави Хоти.
Тој додава дека е многу скептичен во врска со исходот на дијалогот, додавајќи дека е илузорно е да се очекува Србија да ја признае независноста на Косово.