Во Црна Гора уште 91 новозаразени лица и 4 смртни случаи

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Во Црна Гора во последниве 24 часа биле идентификувани 91 лица заразени со коронавирус, а пријавени се и четири смртни случаи, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша. Кризниот штаб на Црна Гора за заразни болести, повторно ја прогласи новата епидемија на коронавирус на национално ниво во вторникот вечерта.


Во последните 24 часа беа анализирани 621 примерок.

Најмногу заразени се во Подгорица 21, Никшиќ 19, Бјело Поље 13, Тиват 7, Бернам и Котор по шест, Херцег Нови и Будва по пет…

Пријавени се четири смртни случаи во општините Забjак, Тиват, Рожаје и Плевља. Вкупниот број на потврдени смртни случаи поврзани со короната од почетокот на јуни е 30.

Вкупниот број на активни случаи на КОВИД-19 во Црна Гора моментно е 1.937.

Црногорскиот кризен штаб одлучи во вторникот вечерта повторно да ја објави епидемијата на новиот коронавирус во целата земја и да воведе задолжително носење маски на отворен и во затворен простор, освен на плажи и во национални паркови.

Дотогаш, епидемијата во Црна Гора беше прогласена во пет општини на северот на земјата.

Во вториот бран на епидемијата на коронавирус во Црна Гора, вкупно 2.045 луѓе се разболеле, а 26 заразени починале. Статистички гледано, во однос на бројот на моментално болни на сто илјади жители, Црна Гора е на врвот на скалата на земјите во регионот.

Поради ваквата епидемиолошка состојба, црногорскиот институт за јавно здравје и предложи на црногорската влада да прогласи „состојба на епидемија на заразна болест“ во целата земја и заштитна мерка за задолжително носење заштитни маски.