Реакција на Коневски: Мицкоски го тераш Арсовски да пишува ниски лаги и клевети за мене

од Берта Китинска
384 прегледи

Актуелниот советник за град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски, упати реакција по ставот на портпаролот на партијата, Димче Арсовски.

-Мицкоски, по твоето огласување преку официјалниот портпарол, станува јасно каков човек ја води партијата.По мојот изнесен став, ти го тераш портпаролот да пишува ниски лаги и клевети за мене.Со тоа само потврдуваш дека ти и твојот тим немате капацитет да се справите со искрените критики, упатени за доброто на ВМРО-ДПМНЕ.Што побрзо си одите ти и таа багра од партијата, толку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на државата, стои во реакцијата од Коневски.

Слични содржини