Геци: Се плашам за мојот живот по сослушувањето на Тачи

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

Поранешниот член на косовското собрание Гани Геци се огласи на Фејсбук, изјавувајќи дека неговиот живот е во опасност, по сослушувањето на Хашим Тачи во Хаг.


Геци објави видео порака на Фејсбук во која рече дека добил информации од Брисел и од пријателските земји дека неговиот живот е во опасност, пренесува „Газета експрес“.

Тој изјави дека сака да сподели некои информации со косовските граѓани затоа што, како што рече, некои луѓе од Европската унија, Брисел и Холандија го повикале на телефон вчера околу 18 часот.

Според него, по сослушувањето на Тачи, Брисел има информации дека неговиот живот е во опасност и му било речено да биде внимателен.

Во септември 2018 година, Гани Геци јавно го обвини Хашим Тачи дека наредил атентат врз поранешниот министер за одбрана, Бујар Букоши додека бил во егзил, како и на Ахмет Красниќи, чии остатоци биле закопани во Приштина 20 години по убиството во 1998 година во Тирана, пренесе „Косово онлајн“.