Османи: Ние сме научени за позицијата премиер да се натпреваруваат две македонски политички партии без трета опција

од Nikola Popovski
209 прегледи

„Ние бевме единствена партија која излезе со конкретен план и програма и единствени со ниту една реченица со негативна реторика кон кого било во овој процес“, изјави Бујар Османи за емисијата „Топ тема“.

Според него, концептот премиер Албанец не е етничко прашање туку е прашање на рамноправност.

„Етничко прашање би било доколку тој слоган не содржеше кандидат во самиот концепт, туку едноставно би се повикувале на етничката припадност. Ние им направивме услуга на Албанците, бидејќи на овие избори игравме во прва лига. Ние сме научени за позицијата премиер да се натпреваруваат две македонски политички партии без трета опција“, смета Османи.

Тој прашува што е проблемот, освен стереотипот кој што е вметнат во нашите глави дека оваа позиција е резервирана за Македонците.

„Ваква хистерија имавме кога понудивме кандидат за министер за одбрана, мислејќи дека тоа е етничкиот концепт, а всушност тоа беше ослободување на институциите од товарот на етничкиот монопол“, вели Османи.