Истанбул под опсада, илјадници верници пред Аја Софија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
161 прегледи

За прв пат денес, по 86 години, прва молитва од нејзиното преименување во џамија ќе се одржи во Аја Софија, а верниците и бројните туристи ќе пристигнат во Истанбул од раните утрински часови, додека претседателот Реџеп Таип Ердоган се очекува да присуствува на пладневните молитви.

Аја Софија ќе биде отворена за молитви со џума намаз (голема молитва на пладне), а веќе по сабах-намаз (утринска молитва), почнаа да пристигнуваат оние кои сакаа да ја извршат првата молитва.

Илјадници верници чекаат на 11 контролни пунктови да им се дозволи да влезат во областа на молитвата.

После дезинфекцијата, надлежните служби на новодојдените им дистрибуираат маски и простирки за еднократна употреба.

Во исто време, на граѓаните им се дава симит (леб) и чај за да зајакнат.

Освен турскиот претседател, други официјални претставници на повеќе партии се очекува да присуствуваат на церемонијата на отворање на џамијата.

Исто така, по повод церемонијата, пристигнаа многу домашни и странски туристи. Преземени се високи безбедносни мерки.

Како дел од воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, се планира молитвата да се изведува во пет зони на отворено, три за мажи и две за жени, објави турската агенција Анадолија.

На контролните пунктови, надлежните служби ја контролираат телесната температура на посетителите и дали имаат маски.

Местото ќе го обезбедат околу 20.000 полицајци, има 736 здравствени работници на терен распоредени на 17 локации, како и неколку десетици амбулантни возила, како и хеликоптер со брза помош.

Аја Софија служела како православна црква 916 години, сè до освојувањето на Истанбул, откако имала статус на џамија од 1453 до 1934 година, кога добила статус на музеј.

На 10 јули, турски суд ја поништи одлуката на поранешната влада на таа земја, со која и се доделува на Аја Софија статус на музеј на 24 ноември 1934 година.

Со поништување на споменатата одлука, статусот на џамија е вратен на Аја Софија.