Избори на белоруски начин: Ривалот на Лукашенко побегна во Русија

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Кандидатот на опозицијата на претседателските избори следниот месец во Белорусија, Валери Цепкало, избега во Русија со своите два сина, соопшти денеска неговиот изборен штаб.

Цепкало изрази загриженост дека властите започнале процес што ќе му го одземе правото на родителство. Во изјавата на штабот се вели дека обвинителите дошле во училиштето, во кои оделе неговите синови и побарале писмени извештаи дека семејството не се грижи доволно за децата.

– Немавме друг избор. Загрижени луѓе ми се јавија и ми рекоа дека не сакаат да ги потпишат извештаите, но дека ги принудуваат да го сторат тоа, односно собираат нешто лошо против нас и дека следниот чекор ќе биде да го негираат правото на родителство – рече сопругата на Цепкало, Вероника, која остана во земјата, за да ја води кампањата против актуелниот претседател Александар Лукашенко.

Цепкало замина во странство неколку дена откако друг кандидат за опозиција, Светлана Тиханускаја, ги пренесе своите две деца на непозната локација во ЕУ. Таа добила анонимни закани дека децата ќе и бидат одземени.

На Цепкало му беше забрането да се кандидира откако Централната изборна комисија објави дека му недостасуваат потребните потписи.