Арифи: ДУИ никогаш не поставува идеи за да уценува некого

од Nikola Popovski
290 прегледи

„Земјата треба да има влада која ќе остане на линија на спроведување на евро-атлантската организација. Нас ни треба влада на резултат на коректни разговори и преговори и која ќе биде на иста бранова должина“, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи за отвореното студио на ТВ 24.

„Премиер Албанец беше политички коректна идеја, вредна за разговор. Атмосферата на процесот на преговори ќе покаже која ќе биде реализацијата на оваа идеја. ДУИ не е партија што блефира, туку едноставно луѓето веруваат во нас. ДУИ никогаш не поставува идеи за да уценува некого, туку идеи за поголем прогрес на општеството“, смета Арифи.