Германија ги тестира бесплатно оние што се враќаат од одмор

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Германија ќе понуди бесплатни тестови за коронавирусот на луѓето кои се враќаат од одмор, со цел да се спречи нов бран на заразени, соопштија денеска надлежните, откако таа земја во последните два месеци забележа најголем број на дневни случаи.

Патниците кои доаѓаат од земји означени како од висок ризик, ќе бидат тестирани веднаш, додека оние што доаѓаат од други места ќе можат да бидат тестирани во рок од три дена, пренесува АП.

„Тековните бројки уште еднаш покажуваат дека сè уште сме во средината на пандемијата на коронавирусот. А зголемувањето на патувањето го зголемува ризикот од тоа инфекцијата да се врати во Германија“, рече министерот за здравство Јенс Спан.

Бројот на нови потврдени случаи нагло се зголеми на 815 денес, според податоците на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) за заразни болести, најголем број од средината на мај.

Германија идентификуваше 130 држави како високоризични, вклучително и Турција, Египет и САД. Во случај да не сакаат да бидат тестирани, оние што доаѓаат од овие земји одат на задолжителен 14-дневен карантин.