ОН: Непропорционална употреба на полициска сила на протестите во САД

од Vladimir Zorba
164 прегледи

ОН денес предупредија за „непропорционална употреба на сила“ од страна на полицијата против демонстрантите на протестите против расизмот во американските градови и изразија загриженост за „евентуалното произволно притворање“ на демонстрантите.

„Мирните протести во градовите во САД треба да можат да продолжат“, рече портпаролката на комесарот на ОН за човекови права, Елизабет Тросел, на прес-конференција во Женева, додавајќи дека демонстрантите и новинарите кои ги покриваат протестите треба да бидат ослободени од опасност од „произволно апсење или непропорционална употреба на сила“ од страна на полицијата.

Министерството за правда на САД во четвртокот отвори истрага за контроверзните полициски акции во Портланд, каде полицијата се судри со демонстрантите, кои протестираа против расизам.

Видеата емитувани на социјалните медиуми прикажуваат припадници на американската сојузна полиција во униформа и со воена опрема нагло излегување од возилото за да ги уапсат демонстрантите.

Демонстрациите против расизмот започнаа кон крајот на мај по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од бел полицаец.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на федералната полиција во неколку градови со цел „воспоставување јавен ред и мир“, што предизвика критики од опозициските демократи.