Каталонија ги затвора дискотеките и клубовите поради зголемен број на заразени

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Вечерва, каталонските власти наредија затворање на дискотеките и ноќните клубови во таа шпанска покраина поради зголемениот број на заразени со коронавирус.

Регионалната цивилна заштита нареди затворање на концертни сали, додека работата на ресторани, казина и барови е дозволена до полноќ.

Мерката ќе стапи на сила утре во период од две недели, бидејќи во Шпанија се регистрирани 280 новозаразени со коронавирус во последните 24 часа, што е за три пати повеќе од пред две недели.

Речиси половина од новите случаи на инфекција се регистрирани во Каталонија. Минатата недела градските власти на Барселона ги советуваа граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

По нагло опаѓање на бројот на заразени и мртви во Шпанија, која беше една од најпогодените земји во Европа со повеќе од 28.400 смртни случаи, жаришта на коронавирусот повторно се појавија.