Американците ги урнаа вратите и упаднаа во кинескиот конзулат во Хјустон (видео)

од Nikola Popovski
151 прегледи

Американските власти го „окупираа“ кинескиот конзулат во Хјустон, откако вработените внатре се повлекле од него.

Заземањето на конзулатот се случило само 40 минути по крајниот рок за негово затворање, даден од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел „да се заштити американската интелектуална сопственост од Кина“, при што Белата куќа ја обвинува за шпионажа, објави „Houston Chronicle“.

Група американски службеници, вклучително и лице за кое се тврди дека работи во Стејт департментот, влетало во задната врата на конзулатот бидејќи не успеале да влезат во преостанатите три влеза.

Претходно, полицијата го блокирала пристапот до конзулатот.

Стејт департментот нареди затворање на кинескиот конзулат во Хјустон под обвинение за вмешаност во масовно нелегално шпионирање и спроведување операции во САД.

Кина ги негираше ваквите обвинувања и ги критикуваше САД за кршење на неколку меѓународни закони. Пекинг изјави дека Вашингтон шири говор на омраза кон Кинезите, поради што на вработените во нивната амбасада им се заканувале неколку пати

Како одговор на тоа, Кина нареди затворање на американскиот конзулат во кинескиот град Ченгду.