Фаучи: Вакцината ќе биде широко достапна следната година

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Вакцината против КОВИД-19, најверојатно, нема да биде „широко достапна“ за луѓето во САД, сè додека не преминеме „неколку месеци“ во следната година, изјави д-р Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести.

„Мислам дека неколку месеци откако ќе влеземе во 2021 година, ќе имаме вакцина што ќе биде достапна за луѓето во Соединетите држави“, рече тој за „Вашингтон пост“.

Според него, клучниот збор е „широко достапна“. Стотици милиони дози во 2021 година.

„Веројатно ќе имаме на располагање десетици милиони дози на почетокот на следната година“, изјави тој.

„Компаниите вклучени во правењето на овие вакцини, со кои многу федерални влади работат тесно, ветија дека кога ќе влеземе во 2021 година ќе има стотици милиони дози. И тогаш, можеби некогаш после тоа, милијарди дози”, заврши Фаучи. .

Ситуацијата во САД останува загрижувачка, откако над четврти ден по ред беа регистрирани повеќе од 1.000 смртни случаи.