Јанчев: Мицкоски е одговорен за изборниот пораз, треба брз ремонт на партијата

од Nikola Popovski
196 прегледи

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, во интервју за „Слободен печат“ ги анализирал состојбите во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и во државата.

На прашањето дали во претседателот на партијата, Христијан Мицкоски гледа вина за изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ и дали очекува тој да си замине од претседателската функција, Јанчев одговорил дека секоја раководна функција ги сноси последиците од слабиот резултат.

„Тоа е секогаш така, не само во политиката. Доблест е да можеш да погледнеш назад, да ги издвоиш грешките, да ги забележиш на лист хартија, а потоа истите тие грешки да ти станат секојдневен потсетник за тоа како не треба. Но, понекогаш сме убедени во тоа дека нашите грешки всушност не се грешки, дека сме целосно во право. Но, секогаш е виновен првиот човек. За жал, и во овој случај е исто. Јас повикав на брз ремонт во партијата, затоа што тоа е мојата матична партија и чувствувам одамна дека треба нешто да се промени“, смета Јанчев.