Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, реагираше нагласувајќи дека општината најостро и категорично ги демантира тврдењата на Стојменов дека му било барано мито.

Фото: Борче Поповски
-Доколку некој му побарал мито на господинот Стојменов и има докази за тоа, наместо медиумски, Општина Центар го охрабрува случајот да го пријави во Основното јавно обвинителство, кое е надлежно да постапува за предмети од таа проблематика. Од Борис Стојменов бараме јавно извинување за изнесените тенденциозни тврдења за општината и градоначалникот Богдановиќ, во спротивно на истиот ќе му бидат поднесени соодветни пријави, вели градоначалникот Богдановиќ во демантот.
Стојменов денеска ја обвини општина Центар дека бара мито за да продолжат со градење.
„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито не им давам мито. Кој? Општината Центар. Милион евра бараат за да не пуштат да работиме“, посочи Стојменов.