СДСМ излезе со соопштение во кое наведува дека со победата на овие избори граѓаните го одбрале патот по кој државата оди уште од 2016 година.
„Тоа е патот напред, европски, патот на економијата и правдата. Народот кажа дека нема веќе назад, поразени се режимските политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водат кон изолација, опасност и неизвесност. Решенијата на новите пратеници се издадени, следува формирање Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. Нашата Влада ќе води успешни преговори со ЕУ и за четири години ќе отвориме 80 проценти од поглавјата. Одиме напред, враќање назад нема! Заедно со граѓаните ќе испорачаме уште повеќе и уште подобри резултати“, се вели во соопштението на партијата.