Османи бара Apple да ја дефинира границата помеѓу Косово и Србија во апликацијата

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Претседателот на Собранието на Косово, Вјоса Османи, се приклучи на интернет-кампањата во која се бара од компанијата Apple да го внесе името на Косово во апликацијата „Apple Maps“ и јасно да ја дефинира границата со Србија.

Таа во својот пост на својот профил на Твитер напиша дека многу од апликациите на компанијата се развиени во Косово досега и дека ова е јасен показател дека Косово е дел од светот на Apple.

„Многу од вашите апликации во „App Store“ беа развиени во Косово, а многу други ќе бидат развиени откако ќе ги ставите на располагање и тука. Косово е очигледно дел од вашиот свет, бидете сигурни дека тоа го гледаме и на вашата мапа“, рече Османи, пренесува „Косово онлајн“.

Османи потсети дека Apple издаде официјална изјава на 21 април, во која информира дека многу нивни услуги сега ќе бидат достапни во уште 20 земји, вклучувајќи го и Косово.

Патем, „Apple Maps“ неодамна го поставија Косово на картата на Србија.