Џонсон ги повика Британците да вежбаат повеќе и со тоа да ја победат дебелината (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Премиерот Борис Џонсон ја искористи својата борба против прекумерната тежина за да ги повика Британците да ја подобрат формата на телото и да се справат со дебелината, што е ризик фактор за оние кои страдаат од коронавирус.

Новите владини мерки, дизајнирани да ја намалат тежината на луѓето, вклучуваат забрана за рекламирање на телевизија и Интернет на брза храна пред девет часот навечер, со што би се ставило крај на таквата храна и практиката „да се плати едниот, а другиот оброк е бесплатен“.

Бројот на калории во оброците би бил индициран и во менијата на големите ресторани и можно е алкохолните пијалоци да бидат на удар на мерачите на калории.

Самиот премиер, по прележувањето на Ковид-19, реши да ослабне и досега изгуби шест килограми. Имено, Џонсон реагираше на предупредувањата на лекарите дека дебелите луѓе, кои се заразени со коронавирус, имаат потешка форма на болеста и се изложени на зголемен ризик од смрт.

Џонсон ужива во угледот дека е слаб на добра храната и вино, дури и доцна во ноќта, но во исто време додека служеше како градоначалник на Лондон се залагаше за употреба на велосипеди за да се дојде на работа, а исто така воведе и „велосипеди на Борис“ за јавно користење.

Тој ја нарече дебелината „временска бомба“ со која владата мора да се справи.

Премиерот призна на Твитер дека секогаш сакал да изгуби неколку килограми, но дека тој навистина не успеал, сè додека не се заразил со новиот коронавирус.

„Кога завршив на интензивна нега затоа што бев многу болен, имав премногу килограми и да ви ја кажам вистината, бев дебел“, призна Џонсон.

Покрај здравата храна, неговиот нов режим вклучува лесно утринско трчање.

Џонсон честопати ја исмеваше „дадилката“ на државата и се надева дека новите здравствени мерки се стимул за Британците да влезат во форма.

Повеќе од 60 проценти од Британците се со прекумерна тежина или дебели, а од нив, во Европа, само жителите на Малта се во полоша ситуација.