Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска соопшти денеска дека се потврдени уште 24 случаи на коронавирус во таа земја, а три лица починале, пренесува „Нова.рс“.

Во Хрватска има 807 активни случаи на коронавирус.
Хоспитализирани се 138 пациенти, од кои девет се на респиратор, објави агенцијата Хина.
Од почетокот на пандемијата, во Хрватска се потврдени 4.881 случаи на коронавирус, од кои 139 починале, а 3.936 се опоравени.
До денес, тестирани се вкупно 112.834 лица, од кои 831 во последните 24 часа.