Од Алијанса за Албанците и Алтернатива експресно ја отфрлиле најновата идеја од Мала Речица за предлогот за т.н сеалбанско обединување преку 5 столба. 
Тие порачаа дека ДУИ нема кредибилитет за поставување на услови. Претходно, албанските партии го одбија и предлогот за прв премиер Албанец на Али Ахмети.
БЕСА на Биљал Касами била воздржана додека не добие официјална понуда.
Бујар Османи од ДУИ неодамна ги претстави петте столбови, односно „албанската платформа“ за преговори на албанските партии, кои се состоеја од:
1. На изборната трка меѓу Албанците да нема повеќе од две листи.
2. Партијата која ќе добие повеќе гласови да зборува во име на Албанците во другите општини.
3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, да дадат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборува во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.
4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006-та).
5. Можност за соработка во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии.