Политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ, за емисијата „Само вистина“ изјави дека изборните резултати се очекувани.
„Тоа не мора да значи дека некој мора да биде прифиран или да му се објаснува какви се резултатите. Понудата е таква каква што. Да не заборавиме на какви се удари не наиде СДСМ годиниве, од аферата „Рекет“ до разните скандали кои им се препишуваа, кои на крај се испоставија дека не се вистинити. Тоа беа сепак конструкции на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите на Мицкоски. Видовме дека мнозинството граѓани го бира патот на Европа и го бира патот на релативен просперитет“, смета Јовановиќ.
Тој вели дека Договорот со Бугарија е важна магистрална патека која ни дава ехо на Европа, а покрај него и Преспанскиот договор нас ни ни ги отвори патиштата во НАТО.
„Фрустрациите од политичките опоненти и сите други мали и микро-сателити кои што се расцепкаа од СДСМ, се обидоа да ја рушат оваа влада, како на пример Апасиев. Левица не е левичарска партија, туку десно-ориентирана“, изјави Јовановиќ.