Јовановиќ: Мандатот не смеат да го добијат овие несреќни фигури на ВМРО-ДПМНЕ, немаат јасна свест за Европа

од Nikola Popovski
242 прегледи

„Се сложуваат сите во политичките елити и граѓанскиот сектор дека правдата во Македонија доцни. Кој ќе ја донесе таа правда? Бог? Сепак, мора да има ветинг во самите институции во обвинителството. 30 години нешто кога сте го труеле, односно секој кога бил некој на власт си поставувл свои судии и обвинители и така ја исполнувале власта. И сега наеднаш, ако сакате да бидете членка на ЕУ, мора да се направи сериозен ветинг, да се испитаат сите обвинители поради коруптивните процеси“, смета политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ.

Тој вели дека ако се обидеме да ја рушиме оваа влада, повторно ќе влеземе во само-распаѓање.

„Не смееме да го предадеме мандатот во овие несреќни фигури на ВМРО-ДПМНЕ, кои што се полуартикулирани, кои што немаат јасна свест, ниту за НАТО, ниту за Европа и немаат јасна стратегија, каде треба да се движи оваа земја“, изјави Јовановиќ.