Маршот на Kоалицијата Алијанса-Алтернатива, како што беше најавено, започна во 19 часот во паркот во Општина Чаир од каде демонстратите се упатија кон Канцеларијата на ЕУ и на ДИК во центарот на градот.
Маршкот е знак на револт за изборниот ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.
„Ттокму пред седиштето на делегацијата на Европската Унија во Скопје – ќе биде испратена јасна порака дека една држава која ги започнува преговорите за членство во ЕУ не смее да дозволи дел од нејзините граѓани да бидат лишени од правото да избираат и да бидат избрани, што е основното човеково и политичко право во еу”, соопштија од централниот штаб на коалицијата.
https://www.facebook.com/ZiadinS/videos/404617120499644/