Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, директно од протестниот марш на неговата партија, изјави дека пораката која што се испраќа е да не се повторат изборните грабежи и криминали кои се случиле во последните 18 години.
„Посебно изразени на овие избори. Ова беше една политичка измама и изборен инженеринг од страна на ДУИ. Пораката е да ги оставиме луѓето да гласаат сами, бидејќи гласот е света работа. Некоректно е да се злоупотреби волјата на граѓаните“, смета Таравари.
Тој дополни дека е невозможно да се коалицира со ДУИ.
„Тоа е најтешко. Сепам имаме неформално разговори со сите други политички партии, освен со ДУИ“, изјави Таравари.