Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, потврди дека не го поддржува премиерот на земјата, Авдулах Хоти, во дијалогот со Белград.

„Авдулах Хоти залудно шета низ Брисел, тој нема поддршка од мене и Алијансата за овој облик на дијалог“, рече Харадинај, пренесува „Газета експрес“.
Според изданието и покрај изјавите дека не постои меѓусебно незадоволство меѓу коалициските партнери во владата во Приштина, Харадинај уште еднаш зборуваше за несогласувањата меѓу коалиционите партнери неколку дена откако го критикуваше дијалогот и назначувањето на Скендер Хисени за координатор, пренесува „Косово онлајн“.
Како што се наведува, ист став кон Хоти и дијалогот имаат и во Социјалдемократската иницијатива.
Лидерот на НИСМА, Фатмир Љимај, изјави минатата недела во емисијата „Пресинг“ на приштинската телевизија Т7, зборувајќи за назначувањето на Хисени, изјави дека не бил информиран за тоа, потсетува „Газета експрес“.