Џонсон: Доколку е потребно, ќе воведеме карантин за другите земји

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека земјата ќе воведе карантин за другите земји доколку бројот на случаи на заразени со „Ковид-19“ продолжи да се зголемува и ако е неопходна таква мерка.

Тој го сподели ова по повод одлуката на британската влада да воведе карантин за лицата кои се враќаат од Шпанија, пренесува Ројтерс.

„Се плашам дека гледаме знаци на втор бран во други земји. Наша работа е, наша должност е да дејствуваме брзо и одлучно за да ги спречиме патниците да се вратат од други земји да го шират вирусот овде во Велика Британија“, рече Џонсон пред новинарите.

На прашањето дали 14-дневниот карантин може да се намали, Џонсон рече дека бара начини за ублажување на карантинот, да им се помогне на луѓето и да се осигури дека науката работи за да им помогне на патниците и туристите, пренесува Би-Би-Си.

„Во овој момент кога треба да ги следите упатствата што ги даваме, дадовме упатства за Шпанија и некои други места низ целиот свет“, рече Џонсон.