Мицкоски за нападите од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ: Овие луѓе му помагаат на Заев да формира владино мнозинство

од Nikola Popovski
170 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето интервју за Сител за нападите од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека ваквите луѓе не заслужуваат никаков одговор.

„Јас ценам дека овие луѓе не заслужуваат одговор. Но, веќе бидејќи веќе ме прашавте, можам да кажам дека ова се луѓето кои што најзаслужни се што Зоран Заев веќе три години пустоши низ Македонија и ова се луѓето кои што практично ја доведоа во оваква состојба во која што во 2017 година ја преземав партијата и повторно истите овие луѓе сега се во улога да му помагаат на Зоран Заев во услови какви што се сега да формира владино мнозинство. Навистина нивните обвинувања се темелат на многу лични навреди, на голема фрустрација, но сето она кое што тие го рефлектираат како атак врз ВМРО-ДПМНЕ и мене, не наидува на поддршка, ниту во структурите на партијата, ниту во членството, ниту помеѓу граѓаните. Ова е последниот товар од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега, сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев. Па, јас би му посакал со среќа нека му е со сите овие“, изјавил Мицкоски во интервјуто.