Политичкиот аналитичар, Тони Науновски за емисијата „Само вистина“ изјави дека објективните процеси кои што се случуваа доведоа до пораз на ВМРО-ДПМНЕ на изборите. 
„ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби суштината на својата политичка идеологија со ова раководство и едноставно она гласачки тело што отсекогаш традиционално го имале, овој пат го изгубија, затоа што ги превртеа сите основсни постулати во смисла на историска идеологија на ВМРО“, вели Науновски.
Според него, во овој изборен процес се случиле неколку нови феномени, нови настани кои што излегуваат надвор од досегашната вообичаена политичка дискусија.
„Тоа што многу ме изненади во овој изборен процес е што ВМРО-ДПМНЕ со неговите медиумски поддржувачи имаа толку негативна и валкана кампања, што дури и оние луѓе кои традиционално гласаат за партијата, овој пат не ја дадоа потребната поддршка. Народот ја казни партијата баш поради таа политичка кампања, полна со невистини, полувистини и манипулации. Секој рационален и објективен човек не сакаше да гласа за таков концепт и визина“, смета Науновски.