На прашањето дали во моментов чувствува потреба да си поднесе оставка после поразот на изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека неговата партија има 40 пратеници, а СДСМ 32 пратеници, доколку не се смета на вкупниот број на пратеници, вклучувајќи ги коалициите. 
„Јас се водам по принципи во животот и така и ќе остане и во иднина. Мене принципите многу ми значат во животот, но истовремено многу ми значи и поддршката од Централниот и Извршниот комитет на партијата и структурата на партијата. Би бил кукавица доколку ја изневерам оваа доверба на сите овие луѓе што ми ја дадоа изминатиот период. Останувам фокусиран на предизвиците кои следат, останувам фокусиран на членството и внатрепартиската катарза која што следи во ВМРО-ДПМНЕ, како и на напорите за формирање ново парламентарно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ не е само политичка партија, туку идеологија и водилка на македонскиот народ и моја огромна чест е да бидам на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.