СДСМ: Мицкоски треба да собере храброст и конечно да го признае третиот последователен изборен пораз

од Nikola Popovski
192 прегледи

СДСМ излезе со реакција по изнесените ставови на лидерот на Христијан Мицкоски во интервјуто за телевизија Сител. Според нив, Мицкоски треба да собере храброст и конечно да го признае третиот изборен пораз што ВМРО-ДПМНЕ последователно го доживува од граѓаните и од СДСМ.

„Залудно Мицкоски се обидува со лажни тврдења да бара алиби, со единствена цел, да го оправда сопствениот континуиран политички неуспех и изборен дебакл што го доживеа. Македонските граѓани на фер и демократски избори одлучија земјата да продолжи напред, по патот што го трасираше Владата предводена од СДСМ. Станавме членка на НАТО, граѓаните одбраа да станеме членка и на ЕУ, граѓаните одбраа да продолжи растот на платите, да има економска стабилност и развој, да има правда и одговорност за сите подеднакво“, велат од СДСМ.

За нив, граѓаните одлучно се спротивставија на политиките на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, кои значат враќање назад кон мрачното минато, кон заробената режимска држава, кон заканите, уцените, заплашувањата.

„СДСМ ќе ја формира и идната Влада и со визијата, стратегијата и планот што го има ќе обезбеди уште поголем прогрес и напредок и уште повеќе и уште подобри резултати“, стои во реакцијата на СДСМ.