Гејтс ги откри несаканите страни за дијагностицирањето на коронавирус

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс смета дека методот за откривање на коронавирусот во САД е лош, јавува телевизијата Си Ен Би Си.

Гејтс го нарекол временскиот интервал помеѓу анализирање и добивање резултати „ненормален“, што трае 48 часа во САД. Според него, во таков случај, тестирањето е губење време. Тој истакна дека никој не смее да плати за дијагностички метод што дава резултати во рок од седум дена, затоа што луѓето продолжуваат да ги инфицираат другите во тој период.

Бил Гејтс е мета на бројни теории на заговор уште од избувнувањето на пандемијата на коронавирус.

Најчеста е тоа што со вакцината против короната, тој сака да вметне микрочипови кај луѓето за да ги подложи на глобално набљудување.

Гејтс рече за теориите на заговор дека тие се „толку бизарни што можат да се сметаат за смешни“ и дека се „толку глупави и бесмислени што е невозможно да се демантираат“.