Не, 2020-та не е најлошата година во историјата: Еве ја конкуренцијата!

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Само чума и астероид недостасуваат, зборуваат многумина убедени дека оваа година ќе биде најлошата досега. Историчарите велат дека имало многу полоши.

Оваа година започна со шумски пожари во Австралија, а потоа САД и Иран разменија неколку ракети и светот се чинеше дека е на работ на нова војна. Сепак, сè беше запрено од коронавирусот, чии последици би можеле да бидат милиони мртви и голема економска криза, пишува РТС.

За многумина од нас, 2020 година веројатно ќе биде најлошата година во нашите животи досега, но историчарите истакнуваат дека не е ни во првите пет катастрофални.

1933-та – Доаѓањето на власт на Хитлер во Германија

Само по себе, можеби не било лошо како поставувањето на темелите за најголемото уништување што го доживеал светот – Втората светска војна.

1918-та – Шпанската треска убива 50 милиони луѓе

Од февруари до април, половина милијарда луѓе биле заразени со шпанска треска, односно вирусот AH1N1 и секој десетти човек на планетата починал. Пандемијата однесе повеќе животи од Првата светска војна.

1545-та – Мексиканска зараза

Непознат предизвикувач го десеткува индиското население на двата американски континента; се проценува дека меѓу 5 и 15 милиони луѓе починале, или 60 до 90 проценти од домородците на Северна и Јужна Америка.

1349-та – Црната смрт ја пустоши Европа

Според некои проценки, околу 200 милиони луѓе во Европа и Азија починале од епидемијата на бубонската чума, односно повеќе од половина од жителите на Европа во тоа време.

536-та – Најлошата година досега, светот е обвиткан во темнина

Годината започнала со „црна магла“ која надвиснала над целиот свет, а историчарите сè уште расправаат дали е тоа последица од ерупцијата на еден од тогаш активните вулкани.

Затемнувањето значело едвај два часа сончева светлина на ден, опаѓање на температурата за 2 степени, колапс на земјоделството што довело до глад, па дури и снег во средината на јули во Кина. Се смета за најлошата година за човечката раса во историјата.

65.000.000 п.н.е.

Додека на некој не му се стемни, на друг не може да му се раздени. Нешто околу ова време, се смета дека метеор ја погодил Земјата и произвел облак од прашина што целосно ја блокирал сончевата светлина следните неколку години. Ова довело до истребување на диносаурусите, драматични промени во биосферата и овозможило развој на човечкиот вид.